24 Отворено - Какви се последиците врз глобалната економија од несигурноста на Трамп?

Во Отворено, разговараме за глобалните економски тензии и предизвиците што произлегуваат од царинската несигурност и новите економски политики на САД, особено оние поврзани со политиката на несигурност на Доналд Трамп. Какви се последиците врз глобалната економија? Што значи ова за малите економии како македонската, која е силно ориентирана кон извоз и соработка со ЕУ?

Дебатираат двајца економски експерти: проф. д-р Трајко Славески и проф. д-р Ванчо Узунов кои ќе ни помогнат да ја разбереме пошироката слика и можните идни сценарија.