24 Отворено - Каква иднина и предизвици го очекуваат македонското цивилно воздухопловство?
Македонија е земја без своја национална авиокомпанија, а последниве години, сведоци сме на предизвици и празнини во цивилното воздухопловство. Владата располага со авион за свои потреби, а Центарот за управување со кризи има авиони за гаснење пожари. Но, со пензионирањето на двајца пилоти, центарот се соочува со недостиг на квалификуван кадар, додека потребите растат, особено во контекст на нашето членство во НАТО, што носи и нови стандарди. Што понатаму за македонското цивилно воздухопловство, и какви предизвици не очекуваат во иднина, кога неколку досегашни идеи за национален авиопревозник пропаднаа.
На овие теми со во 24 Отворено дебатираме со Емил Георгиев, актуелен пилот на владиниот авион, Васко Михалчев пензиониран пилот еден од двајцата кој се врати да помогне во гаснењето на пожарите летово и Ѓорѓи Чачкиров, пилот во пензија и поранешне директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

