24 Отворено - Како ќе се одрази политичката динамика врз преговорите со Европската унија?
Македонија повторно се наоѓа пред сериозни политички предизвици. Во период кога парламентарно мнозинство вибрирра,кога дел од коалициските партнери ја напуштаат владата, а локалните избори се на повидок сè погласни се прашањата за иднината на политичката стабилност и реформските процеси. Како ќе се одрази политичката динамика врз преговорите со Европската унија и решавањето на отворените прашања со Бугарија? На маса се зборува за изборни реформи - една изборна единица и отворени листи, ќе донесат ли овие промени поголема демократија или се ќе остане само на флоскули?
Во Отворено политички анализи, перспективи и сценарија за иднината со Ибрахим Мехмети и Ѓулистана Марковска.