24 Отворено - Како да ги задржиме младите во земјата и да ги подобриме условите за живот и работа?

Оваа година, Европа ќе се соочи со ситуација каде бројот на лица над 65 години ќе биде поголем од бројот на млади под 15 години, предупредува светската здравствена организација. Соочени сме со стареење на населението, масовно иселување, и зголемен недостиг на работна сила и квалитетен кадар во клучните сектори. Во „24 отворено“ дискутираме за средно рочните и долгорочните мерки кои се потребни за да се спречат негативните последици од овие процеси. Како можеме да го задржиме нашето население, да ги подобриме условите за живот и работа, и да обезбедиме одржлив економски раст?

Гости се Апостол Симовски директор на Државниот завод за статистика, Влатко Ѓорчев креатор на демографската политика на партијата победник на изборите, Никица Мојсовска од Американ колеџ, професор и Виктор Митевски од Здружението за истражување ЗМАИ.