24 Отворено - Каде затајува општеството во кое деца тепаат и малтретираат деца?

Врсничко насилство, само за еден викенд три нови пријавени случаи во училшта од неколку градови низ Македонија. Каде затајува општеството во кое деца тепаат и малтретираат деца? Дали успеваме да ги препознаеме сопствените грешки во воспитувањето и справувањето со оваа појава? Кога последен пат сме разговарале дома, дали можеме да знаем зошто нашето дете е нерасположено, анксиозно, добива лоши оценки на училиште или ги избегнува часовите. Многу ситуации укажуваат, но сите ја имаме одговрноста.

Гости во 24 Отворено се Ана Фрицханд, универзитетски професор, Татјана Алексиќ професор во средното училиште Раде Јовчевски Корчагин, Деспина Стојановска психолог и Елизабета Петровиќ семеен и системски психотераевт и одделенски наставник во ОУ Ѓорѓија Пулевски.