24 Отворено: „Јавна соба” ги откри општествените пропусти, дали затаија институциите, родителите или улицата ги „голтна” децата?
Foto

24 Отворено: „Јавна соба” ги откри општествените пропусти, дали затаија институциите, родителите или улицата ги „голтна” децата?

Што се случувало во групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм треба да истражат институциите. Многу малку се говори во воспитно –образовниот процес за злоупотребата на личните податоци на социјалните мрежи-вели Драги Змијанац од Првата детска амбасада  Меѓаши за емисијата 24 Отворено. Според него на образовниот систем му недостасува и сексуално образование. Девојчињата според него се жртви кои лесно може да бидат ставени во канџите на педофилските мрежи. За личните слики и видео материјали вели дека треба особено да се внимава што се става на социјалните мрежи. Стигмата и виктимизирањето на овие млади лица според него не може никој да ја сопре.

Системот затајува секаде, во морално девастирано општество системот е руиниран. Оваа состојба е последица од пропустот на возрасните-вели училишниот психолог Билјана Николовска.

“Ние треба да ги јакнеме децата, да знаат да направат дистинкција и да ја почитуваат својата личност и самодоверба”додава Николовска.

Според неа станува злоупотреба на податоци, емоции, врски. Проблемите треба да се решеваат системски, но вели тој систем е уништен.Во образованието се најавуваат реформи но не се внимава на воспитната компонента.

Калија Димитрова од невладината организација Медуза не е изненадена што социјалните мрежи се преплавени од фотографии и видео материјали меѓу кои и порнографија. Таа смета дека не треба да се ставаат во иста категорија личните материјали кои самоволно биле испратени на одредени личности кои потоа ги злоупотребиле и оние чии лични податоци се злоупотребени без дозвола. Таа додава дека на младите мора да им се дадат алатки како да бидат емпатични и морално одговорни пред себе и другите.

Аналитичарот Љубомир Ѓурчевски смета дека од спонтаната група Јавна соба” која прераснала во група каде се прикачувале порнографски материјали најголем профит ќе извлечат криминалните групи кои подоцна ќе регрутираат девојки за забава, за трговија со леѓе и сл. Според него постојат кривични дела од членовите 174 и 193, но триесет години наназад се зборува за правата на сторителите на кривичните дела, а не на жртвите. Затоа вели криминалот расте, а жртвите не се заштитени. Санкциите како што вели се една година или парични казни кои се многу мали. Оттука, потенцира дека се потребни поригорозни казни за поголема превенција и заштита.

“Станува бор за уништени млади животи и лица. Ниту полицијата ниту другите органи на овој феномен не му посветиле осебно внимание и има затајување на институциите. Станува збор за кривично дело за изнесување на лични податоци, јавниот обвинител кој сега има надлежност да реагира мора да преземе мерки”- додава Ѓурчевски.

0 Коментари

Остави коментари