24 Отворено - Дали владиниот кабинет се претвора во поле за натпревар за задоволување на партиските апетити на сегашните и можните идни коалицини партнери?

Владини рокади во недоглед, отворено прашање со Бугарија, уставни измени. Во пресрет на обидите за внесување на Алијансата на Албанците во владата, власта во трка по зголемување на мнозинството, опозицијата во дефанзива чека шанса за предвремени избори. Дали владиниот кабинет што го предводи Ковачевски се претвора во поле за натпревар за задоволување на партиските апетити на сегашните и можните идни коалицини партнери на сметка на политиките? Министри се менуваат, а проектите доцнат, континуитетот засега се рефлектира во единственото прашање - евроинтеграциите. Како понатаму и што може да се очекува на политичката сцена?

Во 24 Отворено со Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања и аналитичарите Бесим Небиу и Благојче Атанасовски.