24 Отворено - Дали светот влегува во нова ера на долгорочни, паралелни конфликти?
Блискиот Исток повторно е на работ на дестабилизација од невидени размери. Војната меѓу Израел и Иран и индиректното вмешување на САД-– светот внимателно гледа, а стравот од нуклеарна ескалација повеќе не е само теоретско сценарио. Додека хуманитарната катастрофа се продлабочува, а меѓународните институции тешко пронаоѓаат, би се рекло не ни трагаат по ефективен одговор, се отвораат прашања: Дали светот влегува во нова ера на долгорочни, паралелни конфликти? Дали САД имаат контрола врз сојузниците или се само реактивен играч? И каде е Европа, каде е НАТО, а каде е Македонија во сета оваа нова геополитичка реалност?
Во 24 Отворено со: Џелал Незири, колега новинар и аналитичар, Дејан Србиновски, новинар и надворешнополитички коментатор и Ивана Јордановска, специјалист по меѓународни односи и безбедност.

