24 Отворено - Дали партиите во своите одлуки ќе кокетираат само со гласачите?

Во предвечерие на финалната фаза од уставните измени македонија и натаму го живее филмот на поделбите и бесконечните расправии. Политичката клима зоврива, а гласот на разумот тешко допира до партиските елити. Европскиот повик на претседателот Макрон, одзвонува во светло на француското вето од 2019 та година, а скептицизмот кон Брисел во земјава расте. Дали партиите во своите одлуки ќе кокетираат само со гласачите или има сили во демократскиот корпус на освестеното граѓанство да се креира сеопфатен консензус за двојна победа? Во комплицираниот општествен амбиент, и покрај дождливата пролет се очекува жешко политичко лето, со тенденција да продолжи и на есен.

Во 24 Отворено со Младен Чадиковски на овие теми гостуваат аналитичарот Сефер Селими, поранешниот пратеник на СДСМ Јани Макрадули и Сергеј Попов од Младите сили на ВМРО-ДПМНЕ.