24 Отворено - Дали македонската дипломатија покажува блага сервилност, уплашена од постојаните агресивни бугарски тонови?

Моштите на Делчев во Скопје - како оставштина за нови поделби во пресрет на неговиот роден ден најавуваат нов бурен заплет. Кој и што стои зад нападите на бугарски државјанин во Охрид. Дело на странски служби, обид за македонски или бугарски провокации во предвечерието за формирање мнозинство за уставните измени? Дали македонската дипломатија добро си ја врши работата или покажува блага сервилност, уплашена од постојаните агресивни бугарски тонови?

На овие теми во 24 отворено со Васко Наумовски, поранешен македонски дипломат, Љупчо Петковски од Евротинк и Алберт Муслиу аналитичар.