24 Отворено - Дали Европскиот суд за човекови права ќе ја закова последната шајка врз уништеното СЈО?

Потрагата по правдата во Македонија се претвори во неуспешна приказна без крај и без видливи резултати. Дали Европскиот суд за човекови права ќе ја закова последната шајка врз уништеното Специјално јавно обвинителство? Правните лавиринти што ги отвори дадената па поништена аболиција на Иванов и денес ги следат случаите на СЈО. На 16 февруари судот ќе даде одговор дали аболицијата од Иванов важи или пак предметите на СЈО ќе преживеат и судењата кои се во тек, ќе продолжат.

На оваа тема во 24 Отворено со адвокатот Александар Гоџо кој има работено на десетици предмети во судот во Стразбур, поранешен владин агент во судот во Стразбур Костадин Богданов, и адвокатот Звонко Давидовиќ.