24 интервју: Економските почетоци на Македонија беа тешки, приватизацијата беше по неуспешен модел
Македонската економија својот пат го започна со многу проблеми. Како нова и кревка, државата мораше да се справува со турбуленции предизвикани од грчкото ембарго, најлошата приватизација во Европа, инфлација која достигна неверојатни 80 отсто. Каде бевме, каде сме сега и кои се перспективите на економијата на земјава. На овие теми, за Телевизија 24, говорат искусните новинари од областа на економијата Мирче Јовановски и Виолета Цветковска.

