24 Анализа - За последиците од кобниот 16 март по кој Македонија никогаш нема да биде иста
Македонија во пламен, пожари беснеат на пoвеќе локации, глетките се страотни, а веќе има и жртви. Но, пожарот кој што и по четири месеци се уште "гори" кој вечно ќе гори во оваа земја, е оној кој однесе 62 млади луѓе во смрт во импровизираната дискотека Пулс во Кочани. 14-ти "Марш на ангелите" во сабота, родителите на загинатите деца бараат поддршка за нивната жед за правда. Имаат низа прашања и малку одговори. Болка, солзи, но и револт и прашање кое лебди и по 4 месеци, како државата дозволи да се случи тој кобен 16 март, ќе одговараат ли сите виновници, зошто нивните деца кои заминаа на забава никогаш не се вратија дома? Сведоштва за болката, револтот, спомените но и борбата за правда, за траорот, борбата и маката на преживеаните да застанат на нозе и да продолжат да живеат, за натчовечките напори на една група хуманитарници да го воскресне својот град и им се најде на своите, за да не дозволи кочанската катастрофа никогаш да се заборави.
Во последната 24 Анализа во оваа сезона за последиците од кобниот 16 март по кој Македонија никогаш нема да биде иста и кој за жал, ја одбележа оваа сезона со Томче Стојанов, татко на загинатиот Андреј Стојанов и Иван Ивановски основач на "Support Kocani".

