24 Анализа - Што да очекува Македонија од новата стратегија за проширување на ЕУ?
Што да очекува Македонија од новата стратегија за проширување на ЕУ кога остана надвор од друштвото на четирите фаворити на Брисел, а не доби ниту патокази за движење на евроинтегративниот процес. Посетата на шефицата на Европската комисија фон дер Фаен резултира со освежување на меморијата за важноста од вметнување на бугарите во уставот. Да не случајно власта подзаборавила на таа обврска за деблокирање на патот кон Брисел. Што ќе донесе средбата Муцунски-Петрова Чамова дали само „разговори на коњопој" или како што е редот,на тет а тет формат. До каде сме со реформите и со планот за раст?
Во 24 анализа со првиот вицепремиер одговорен за евроинтеграциите Беким Сали.

