24 анализа - Разочара ли Христијан Мицкоски со својот избор на министри?
Собранието се подготвува за викенд маратон, наречен избор на Влада. Разочара ли Христијан Мицкоски со својот избор на министри? Плаќа ли мандатарот стари долгови на лојалните коалициски партнери? Каде исчезнаа изборните ветувања на „Вреди“ од владината програма? Ја повлече ли „Вреди“ заменичката во политички систем, поради идниот вицепремиер Иван Стоиљковиќ? Што замерка ќе најде опозицијата за предлозите кои не така одамна беа дел од нивните министерски кабинети? Може ли Коалицијата за европска иднина да се наметне како алтернатива? Се помири ли дуи со фактот дека е опозиција? Ќе има ли Христијан Мицкоски 100 дена мир, или нема да има ни 100 минути?
Пред собраниската дебата, во 24 анализа пратеничка дебата: Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Соња Мираковска НСДП и Коалиција „За европска иднина“, Блерант Рамадани АА - крило на Таравари - Коалиција „Вреди“ и Арта Биљали Зендели ДУИ, Коалиција „Европски фронт“

