24 Анализа - Останува ли Македонија дефинитивно во блокот со Косово и БиХ?

Јасно е она што е договорено е договорено и немаме веќе за што да се договараме, сега треба да го испорачаме она за што сме се договориле и веќе нема простор да се бара нешто повеќе. - порача претедателот на Европскиот Совет Антонио Кошта од сред Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски пак тврд на ставот - за Македонија да направи уставни измени, мора да испорача и Бугарија. Што значи ова за македонските евроинтеграции ? Останува ли Македонија дефинитивно во блокот со Косово и БиХ? Зошто за Украина мпже план "Б", а за Македонија не може? Што значи најавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека ќе ја заложи својата политичка кариера за  уставни измени? Чувствува ли опозицијата одговорност за ќорсокакот кога без консензус и без 2/3 мнозинство го прифати "францускиот предлог"? Му предлага ли Филипче споделена одговорност во широка Влада за уставните измени  на Мицкоски? Ќе предизвика ли потресот на Арбен Таравари на Илинденска број 2 предвремени избори или пак конечната битка меѓу Христијан Мицкоски и Али Ахмети ќе биде на локалните? Ќе ќари ли Венко Филипче од кавгата меѓу довчерашните партнери на локалните избори или контрадикторните изјави околу евентуална соработка со Али Ахмети дополнително ќе му се удрат од глава? Зошто опозицијата која секојдневно ја критикува истрагата за кочанската катастрофа, не презема ништо од механизмите што и се на располагање?

Дебатираат Антонијо Милошоски потпретседател на Собранието и поранешен МНР ин Фани Каранфиловска Пановска заменик претседател на СДСМ.