24 Анализа - Можно ли е држава со оценка "нула" од Европа да ја испорача правтада за Кочани?
"Мешање на извршната во судската власт, финансиска зависност, немање никаков прогрес" - вака ЕК ја нотира состојбата во македонското праводудство.
А ако на ова се додаде и дека Македонија ги проби сите рокови за пакетот судски реформи, додека премиерот Христијан Мицкоски "чувствува мачнина од одредени судии и јавни обвинители", а лидерот на партијата која ги донесе скандалозните измени на кривичниот законик со што се амнестираа повеќето обвинети од СЈО, Венко Филипче обвинува за партизација во судството, останува само граѓаните да се помолат пред да влезат во судница.
И додека власта и опозицијата се обвинуваат меѓу себе кој е повеќе виновен за состојбата во правосудството, а Брисел инсистира на промени, цела Македонија очекува правда за катастрофата во Кочани - можно ли е држава со оценка "нула" од Европа да ја испорача?
Дебатираат Ален Деребан заменик министер за правда и Снежана Калевска Ванчева претседателка на правната комисија во СДСМ

