24 Анализа - Може ли да се зборува за сериозна надворешна политика додека дома сите си ги "лечат раните"?

Западниот Балкан е сведок на засилени активности на злонамерни актери - порача шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, кои се злонамерните актери не кажа. И додека Европа засилено се вооружува, а Македонија тврди дека проширувањето на Унијата е безбедносно прашање, македонските евроинтеграции се закопани во место меѓу инсистирањето државата да го промени Уставот и барањето на Владата за гаранции. И сето тоа зачинето со нов инцидент на релација Софија- Скопје. Колку сигурноста на американската амбасадорка дека се работи на промена на Уставот е "бустер" за Христијан Мицкоски или најава што се случува зад сцената? Може ли да се зборува за сериозна надворешна политика додека дома сите си ги "лечат раните" по локалните избори? Но, и кога власта на Христијан Мицкоски е апсолутна, а опозицискиот коректив на Венко Филипче речиси непостоечки?

Анализираат Гордан Георгиев "Форум за разумни политики" и Александар Спасеновски универзитетски професор.