24 анализа - Колку тој што ќе ја добие битката во првиот круг, ќе го пресуди и победникот на парламентарните избори во вториот круг?

Претседателските кандидати познати, трката според очекувањата можеби од поинтересните. Ќе избира ли Македонија во вториот круг меѓу Гордана Силјановска Дафкова и Стево Пендаровски или пак Арбен Таравари и Бујар Османи ќе им ги поматат сметките? Колку тој што ќе ја добие битката во првиот круг, ќе го пресуди и победникот на парламентарните избори во вториот круг? Колкава штета ќе му направи Левица на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ на Максим Димитриевски на СДСМ? Ќе има ли Влада или т.н "бугарско сценарио" ? Партиите на Албанците ги исцртаа линиите, уставните измени клучен услов за коалицирање, ќе ги направи ли Христијан Мицкоски ако го добие мандатот? Ќе има ли Димитар Ковачевски доволни бројки за да стигне до преговори за Влада?
 
Дебатираат Сашо Клековски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Костадин Костадинов член на ИО на СДСМ.