24 анализа: Колку чини матурската вечер?

Матурата е мост кој го поврзува заврштеокот на едно поглавје со почетокот на некое ново. Моментот на созревање и одлучување за сопствената иднина, матурантите на територијата на цела држава, секоја година веднаш по полагањето на државниот испит, го прославуваат на речиси идентичен начин.

Колку чини прославата и незаборавниот момент за средношколците во заминување, анализира телевизија 24.

Основните подготовки за забавата траат речиси цела година. Па така, за прославата да биде во пол сјај на матурантите потребно им е нов фустан, одело, накит, шминка, маникир, фризура и чевли. Според анализата на комората на занаетчии, основната подготовка без луксуз, родителите во просек би ги чинело нешто повеќе од 300 евра или 78% од минималната плата.

Родителите кои треба да подготват девојка од Скопје, облеката за матурската прослава би ги чинела нешто над 24 илјади денари или над 100% од минималната плата. За истата подготовка во Тетово тоа би чинело близу 26 илјади во Битола 21 000. Најевтино според пресметката на Агрон Фазлији од комората на занаетчии ќе поминат матурантките од Куманово. 

Пресметката вели и дека момчињата во просек ќе потрошат речи двојно помалку од своите партнерки..

„Наместо да е ден на радост не можеме да направиме ден за болка од економски аспект. Знаеме колку е минималната плата и колку ќе кошта матурата.Таа вечер која би сакале да биде радосна а не болна за семејстото кое треба да одвојува да позајмува за да излезе пресрет на своето дете за да не биде одвоено од гламурот кој е наметнат од минатите години.- Агрон Фаслији.

За добра забава на матурантите покрај облеката потребен им е и добар ресторан кој ќе им понуди храна и пијалоци по пристапни цени. Дел од семејствата, покрај организираната училишна прослава, се одлучуваат да направат и приватна забава. 

Угостителот Перица Голомеиќ , вели дека ваквите приватни матурски прослави за разлика од пред неколку години, се намалени.

После пандемијата постои зголемување на цените кое ја прати инфлацијата. Има згоелмување на цена на  храната, пијалоци, режиски трошоци но исто така трошок е и платата, така да се станува поскапо, поистои зголемување од две евра годишно по мени. Приватни матури се помал е трендот на организирање. Прават мали забави пред се дома и во некои помали ресторани. Конкретно ние во нашите ресторани имаме мала побарувачка за приватни матури за разлика од порано кога се правеше по 70-80 гости, сега тоа не е тренд. 

Прославата на матурската вечер пак, за дел од граѓаните е луксуз а дел сметаат дека трошоците се нормални.  Матурата како најважен момент по завршувањето на средното образование ќе остане во нашата долга традиција.

Прослава или луксуз, за грѓаните матурата е еден од позначајните настани во нивните животи.