24 анализа: Кои се новите министри?
Дваесет министри прв вицепремиер и уште 4 ца заменици премиери како и еден кој важи за близок до Русија. Вака ќе изгледа владата на Христијан Мицкоски за која утре до Собрание ќе ја достави програмата и составот а нарoдните избраници а веќе викендот ќе ја гласаат.
Во неа најголем дел познати имиња во јавноста но и такви кои ги следеа обвинивања како екс директорот на водовод Златко Перински кој сега ќе биде прв човек во министерството за локална самоуправа кого градоначалничката на град Скопје Арсовска го обвинуваше за сомнителни тендери.
Во новото министерство за спорт ќе седне поранешениот ракометен репрезентативец Борко Ристовски кој се препукуваше со Македонскиот олимприски комитет кој своевремено му изрече забрана за вршење работа во олимпискиот спорт и беше суспендиран со образложение дека ширел невистини и лаги за Даниел Димевски.
Во владата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ има само три жени министерки . Меѓу попознатите имиња е и Љупчо Димовски кој сега ќе биде прв човек во политички систем. Тој е еден од амнестираните пратеници за Крвавиот четврток, а во 2019 та против него се водеше и истрага поврзана со злоупотреба на земјоделска помош и издавање на државно земјиште.
Димовски беше и министер за земјодекство во валдата на Никола Груевски. Уште еден традиционален пратнер на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде вицепремиер. Иван Стоилковиќ, кој ќе биде и прв човек во односи меѓу заедниците министерството кое се уште во моментот го води Груби предизвика реакции токму кај интегративците.
- Охридскиот договор за прв пат по 2001 година во рацете на Србин со путинистички убедувања! Промената штотуку започна!“, пишуваше Арбр Адеми на Фејсбук.
Во редовите на новата влада на Мицкоски ќе има и поранешни функционери од СДСМ како Горан Минчев кој беше и пратеник на СДСМ, и еден од најблиските соработници на Бранко Црвенковски.
Интересен е изборот Алкесандар Николовски, чиј фокус во кој изминативе години како поторетседател на ВМРО-ДПМНЕ, но и како и пратеник, му беше надворешната политика да го води министерствтво за транспорт, покрај вицепремиерската позиција во владата, особено што клучен проект на ова министерство и натаму останува изградбата на коридорите од Бехтел и Енка.
Мицкоски посочи дека при предлогот на имињата се водел по нивната чесност и посветеност и токму за тоа тие ја добиле довербата.

