24 анализа - Ќе успее ли опозицијата да изгласа против договорот со Бехтел и Енка?

Пратениците зборува зборуваа и завршија, успеа ли опозицијата да ги убеди колегите од мнозинството дека го стиснат копчето против за законите кои што произлегуваат до договорот со Бехтел и Енка“, особено за законот за работни односи или пак можеби власта ќе ги убеди колегите од опозицијата да го поддржат некој до законите? Утре се најавува гласање ќе има ли власта мнозинство иако дел од колегите од нивната коалиција се против? До кога власта ќе го злоупотребува европското знаменце? Има ли опозицијата аргументи после студениот туш од американската амбасадорка? И додека утре се гласа во Собранието, работната група за уставот конечно ја отвора дебата за содржината на амандманите и промените во преамбулата. Колку тврдењата за редифинирање на државата на Мицкоски имаат основа, или се небулози како што тврди Ковачевски.

 

Вечерва, обид на Мартин Костовски од СДСМ да го убеди Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ да гласа утре за, и обратно Лефков да го убеди Костовски да гласа против.