24 анализа - Ќе успее ли Ковачевски да го убеди Мицкоски да гласа за уставните измени?

Европа не е целосна без Западен Балкан - нова порака од ЕУ од сред Берлин. Колку европската  деклараривна поддршка ќе биде доволен мотив Димитар Ковачевски да го убеди опозицискиот лидер Христијан Мицкоски да гласа за уставните измени, но и неговите коалициски партнери од албанскиот блок да се откажат од условите?

Може ли власта да добие консензус за вметнување на Бугарите во Уставот во време кога официјално Скопје комуницира со официјална Софија преку ноти, а од Бугарија не престануваат секојдневните провокации?

Дебата меѓу Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка и член на ИК  во ВМРО ДПМНЕ и Дарко Каевски пратеник и член на ИО од СДСМ.