24 анализа - Какви пораки и препораки донесе германскиот претседател за Македонија?

Патот до ЕУ води преку уставните измени, порача германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.

 „Разговорите за европската иднина беа главна точка на сите мои средби тука. Младите генерации со кои се сретнав уште појасно ми порачаа дека нивната перспектива е насочена кон Европа и дека многу посакуваат да не поминат уште 17 години за да го остварат нивниот европскиот сон”, порача германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер пред завршувањето на неговата дводневна посета на Северна Македонија.

Какви пораки и препораки донесе германскиот претседател за Македонија? Дебата меѓу Бране Петрушевски пратеник во ВМРО-ДПМНЕ, Ненад Коциќ пратеникот од СДСМ и Ѓорѓи Филипов поранешниот амбасадор во Германија.