24 Анализа - Каде оди Македонија?

Светот на тенок мраз, последиците од хаосот на Блискиот исток до силен тресок во Македонија. Велигден пред врата, цените до плафон, а евентуални нови мерки за зауздување на ценовниот шок дури следната недела. И додека граѓаните преживуваат Христијан Мицкоски и Венко Филипче се надмудруваат кој повеќе мисли на нив. 365 дена по "погромот" во Кочани кој однесе во смрт 63 деца, нивните родители повторно на улица бараат одговори, додека Мицоски и Филипче се уште сложно секој со различен изговор ја саботира анкетната комисија за Кочани. И додека Владата се фали со стратешкиот договор со САД, од Бугарија нови закани за вето. Во Владата пак премиерот се уште само со најава за реконструкција, опозицискиот лидер пак само со најава за окрупнување и исклучување? И сето тоа додека македонскиот "ДОС" им виси над глава. Каде оди Македонија?

Дебатираат Фатмир Битиќи пратеник од СДСМ и Тони Јаревски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.