24 анализа - Интервју со премиерот Христијан Мицкоски

Што вети што ќе исполни? "Нема да ја користам придавката на новото уставно име на Македонија па ако сакаат и нека ми го одземат мандатот - тврдеше опзиционерот Мицкоски, премиерот Мицкоски се заколна во уставот на Северна Македонија. Ги излажа ли поддржувачите, како што го обвинува опозицијата? Ќе ја држи ли земјава во ЕУ чекалната или ќе ги исполни обврските од преговарачката рамка? Флертува ли со Русија, преку вицепремиерот близок до Москва? Како министерот што не ја признава македонската химна ќе ја однесе Македонија во Европа? Борба против корупција врз грбот на политичките противници, или одговорност и за своите? Судство без политички притисоци или „судии од тефтерчињата“? Каква правда најавува за т.н политички монтираните случаи? Зошто во најавениот економски бум ги нема минималната и просечната плата ? Ќе стигне ли најавената милијарда од Виктор Орбан и по која цена?

Во 24 анализа вечерва прво премиерско интервју на Христијан Мицкоски претседател на владата и на ВМРО-ДПМНЕ.