24 анализа - Интервју со министерот за здравство доктор Фатмир Меџити

Здравство потонато во долгови, над 100 милиони евра неплатени сметки. Во најава реформи и за здравствените работници и за пациентите. Од каде ќе почнат? Казнени пенали за неизграден скопски клинички центар, а за новиот штипски, пациентите ќе почекаат уште некоја година. Ќе има ли нови професионални вработувања во здравството? Кој ќе понесе одговорност за лошиот менаџмент со болниците. Дали граѓаните ќе добијат навремен пристап до здравствените услуги?
 
Одговорите од министерот за здравство доктор Фатмир Меџити.