24 Анализа - Интервју со Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина
Власта тргна во пресметка во правосудството - разрешувањето на Љупчо Коцевски борба со нефункционален државен јавен обвинител или пак потег за нивно партиско решение? Колку интерпелациите за дел од членовите на Судски совет се алиби за замена од владините "тефтерчиња"? Го пушти ли Владата Артан Груби? Колку отворањето на темата "нов државен грб" е реална владина иницијатива или само одговор на Христијан Мицкоски на дел од националистички идеи на неговите партнери од "Вреди"? Локалните тропаат на врата, преговорите течат ќе има ли "дил" за Струга и Кичево? Колку двете посети на САД за две недели, освен фотографиите пред американските знаменитости за личните архиви, ќе донесат и конкретен бенефит за Македонија?
Во 24 Анализа интервју со Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина.