24 анализа: Има ли со што да се пофали Владата на Мицкоски по две години и дали партијата на Филипче може да биде алтернатива?
Волкот од Козле и официјално е волк, но колку македонските политичари се едни на други „волци“ и тоа за теми за кои би требало да бидат единствени и за кои и едните и другите имаат вина? Македонија и ЕУ сага без крај. И додека официјална Софија провоцира со "северномакедонски", а Брисел бара уставни измени, Христијан Мицкоски и Венко Филипче секојдневно се обвинуваат кој е поголем криминалец од кого.
Првиот опозиционер не слушнал дека Бугарија некогаш го негирала македонскиот идентитет, премиерот е подготвен земјава да не мрдне со децении од мртва точка, додека авионските карти се само во еден правец.
И додека Мицкоски и Филипче си „играат“ предавници и патриоти, и секојдневно се колнат дека криминалците ќе одговараат – епскиот криминал за ТЕЦ Неготино завршува кај Ислам Абази во историја, а премиерот продолжува со порачки кон Ненад Савевски, додека родителите на загинатите деца во Кочани бараат правда на улица.
И сето тоа со предвремени избори пред врата.
И во ваква Македонија има ли воопшто со што да се пофали Владата на Мицкоски по две години и дали воопшто партијата на Венко Филипче може да биде алтернатива?
Дебата на Дафина Стојановска пратеничка и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и Андреј Жерновски секретар за меѓународна соработка и член на ИО на СДСМ во 24 Анализа на ТВ24.

