24 анализа: Дипломатска офанзива за уставните измени

Со посредство на меѓународната заедница или не процесот на уставните измени мора да почне што поскоро, но и да заврши до крајот на ноември доколку земјата не сака да го  изгуби патот на евроинтеграциите велат дел од аналитичарите во земјата.

Во услови кога Ковачевки размислува како да стигне до 80 пратеници а пак Мицкоски вели дека тоа нема да се случи во овој владин состав не изостануваат ниту условувањата од коалициските партнери. Во разговор за ТВ 24 аналитичарот Исмет Рамадани вели дека земјава сега строго мора да се фокусира на внесување на бугарите во преамбулата бидејќи тоа е барање на ЕУ, а останатите прашања може и тековно да се дискутираат.

Аналитичарот Благојче Атанасовски пак исто така во разговор за ТВ 24 посочи дека земјата нема комфорна зона да тактизира со ЕУ и сето она кое се наметнува како предуслов бидејќи во спротивно уште долго ќе останеме заглавени во чекалната, но водејќи се по досегашните искуства ваквите процеси додава кај нас не почнуваат и не завршуваат без меѓународните претставници.

Минатата недела по завршување на лидерската која Ковачевски ја имаше со коалициските партнери не пропушти прилика уште еднаш да ги повика ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски да се приклучат на т.н проевропски фронт и да дадат поддршка на овој процес. Сепак за сега ниту една од партиите не прави отстапки и покрај тоа што се позачестени се пораките кои доаѓаат од високите претставници на САД и ЕУ.