24 Анализа - Дали резолуцијата на Филипче е самоубиствен потег пред локалните избори?

Предизборно Венко Филипче бара поддршка за вметнување на Бугарите во Устав, нудејќи резолуција која вели ќе ги гарантира македонските позиции во однос на нови идентитетски барања. Ќе добие ли поддршка од Христијан Мицкоски? Дали резолуцијата на Филипче е самоубиствен потег пред локалните избори за социјалдемократите или пак влез постизборно во широка Влада и споделена одговорност меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Кампањата на прагот, анкетите го фаворизираат Мицкоски, може ли Филипче да остане без ниедна општина или пак СДСМ ќе изненади? Хибридни напади, диверзии, афери за следење од АНБ. Нападната ли е  државата и Владата како што тврди власта  или пак на Илинденска бр.2 се прави гол популизам да се покрие неспособноста, како пто обвинува опозицијата.
 
Дебатираат Славјанка Петровска пратеничка и поранешна министерка за одбрана и Марија Митева портпаролка на Владата.