24 Анализа - Дали ги губиме стручните и квалификувани медицински кадри?
2 000 медицински сестри за краток период ја напуштиле државата. Егзодусот не запира. За сите пациенти во државата се грижат 9 200 медицински сестри. Недостасуваат илјадници. Дали ги губиме стручните и квалификувани? Каков кадар продуцира образовниот систем за здравството? Битка за животот на пациентите. Битка за достоинствени услови за работа, за плата, за трајни вработувања.
Меѓународен ден на медицинските сестри - за проблемите и за ургентноста од решенија дебатираат Гордана Бешлиовска, претседателка на Унија на здружение на медицински сестри, Христина Гулеска, медицинска сестра, примарно здравство, Џеват Салија, медицински техничар, Гостивар и Андријана Филиповска, главна сестра на онкологија.