23 лица се убиени во огнената пресметка помеѓу полицијата и дилери на дрога во Бразил
Foto

23 лица се убиени во огнената пресметка помеѓу полицијата и дилери на дрога во Бразил

Најмалку 23 лица се убиени во огнената пресметка на станицата Јацарезињо во Рио де Жанеиро, пренесуваат локалните медиуми. Исто така, се појавила и снимка за која се верува дека му претходи на пукањето, а која е направена во една од фавелите во близина на метрото во Рио де Жанеиро.

Полицијата имала дојава дека дилерите на дрога врбувале малолетни деца да работат за нивната банда.Двајца патници во подземната железница биле погодени во пукотницата, но преживеале. Засега полицијата потврдила смрт на еден припадник на нивните единици.

Бројни полициски сили се испратени на местото на инцидентот, а локалното население не смее да ги напушти своите домови.

 

0 Коментари

Остави коментари