22 лица новозаразени, Струга и Битола нови на мапата со коронавирусот
Foto

22 лица новозаразени, Струга и Битола нови на мапата со коронавирусот

Расте бројот на заболени од корона вирусот во Македонија. Само во изминативе 24 часа се откриени 22 нови случаи. Вирусот се прошири и во Битола и Струга каде за прв пат се дијагностицирани пациенти со КОВИД-19.

Статистиките на здравствените власти покажуваат дека девет од новооткриените се од Скопје,по тројца се од Куманово и Струга, по двајца се регистрирани во Тетово, Дебар и Прилеп, а еден е откриен во Битола. Со тоа досега вкупно заболени во земјава се 241 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

- Скопје- 143

- Дебар – 45 од кои 2 починати
- Куманово – 20 од кои 1 починат
- Штип - 8
- Прилеп - 8
- Тетово- 4
- Охрид- 3
- Велес - 3
- Струга – 3 од кои 1 починат
- Кавадарци - 2
- Гостивар - 1
- Битола – 1

Последните анализи на Институтот за јавно здравје кои се однесуваат на состојбите до 26 март покажуваат дека во Скопје заболени со вирусот се регистрирани во вкупно десет општини, од кои најголем број се од Карпош.

Кај 67 отсто од заболените лица се појавила кашлица, 64 отсто имале температура, 26 проценти чувствувале болка во грлото, 20 отсто имале треска, а дури 67 лица биле без изразени симптоми. Од вкупната бројка на заразени, дваесетина се здравствени работници. Возраста на заболените се движи од 2 години до 91. Најголемиот број на заболени се на возраст од 30-39 години.

Светската здравствена организација проценува дека ризикот за понатамошно ширење на вирусот и во Европа и во останатиот дел од светот е многу висок. 

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

Првиот случај на корона вирусот во Македонија беше регистриран пред еден месец. Од тогаш досега четворица лица починаа, тројца се излекуваа, а над 200 се заразија.

0 Коментари

Остави коментари