21-от роденден ДУИ го прослави поделена и на две одделни локации
На две различни локации интегративците го прославија 21 от роденден на партијата. Лидерот Ахмети од Скопје со оптимистична порака дека земјата за 4 години ќе станела чланка на ЕУ, но за тоа како што посочи е неопходно да се направат уставните измени и ги повика сите политички субјекти на консензус и обединување.
Со слични пораки на панел дискусијата и дел од аналитичарите, но и поранешни и актуелни функционери и пратеници кои присуствуваа и беа поканети.
И додека првиот човек на интегративците испрати пораки за политичко обединување на сите политички чинители а во пресрет на евроинтеграциите на земјата огнената фракција своите пораки ги испратија од Тетово.
Ова е прва годиѓнина на ДУИ во која двете фракции слават одвоено и од различни градови односно Скопје и Тетово ги испратија своите пораки во период кога се погласно се говори за политичко обединување во пресрет на уствните измени процес кој пак огнените веќе со иницијатива поднесена во законодавниот дом го условуваат со барање за тргање на формулацијата 20 проценти во делот на албанскиот јазик.

