21-годишната Маја Протуѓер од Охрид со грант за самовработување, отвори свој бизнис

И покрај тоа што повеќето нејзини врсници веднаш по завршување на образованието купуваат карта за во еден правец и иднината ја гледаат некаде надвор 21 годишната охриѓанка, Маја Протуѓер храбро започна свој бизнис.

Преку програмата за самовработување со грант на Агенцијата за вработување, во висина од 5000 евра, таа го оствари својот  сон.Отвори сопствен салон кој ќе нуди фризерски и шминкерски услуги. Маја е ученик од средното стручно училиште ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, во козметичкиот смер,  каде што  преку програмите за  дуално образование успеала да стекне шестгодишно работно иксуство.Вели сака да им биде инспирација на младите, да се охрабрат и да го направат првиот чекор.

Според професорите стручното образование е основата каде што се става темелот на  претприемачкиот дух кај учениците, а целта е да се намали миграцијата и тие да се задржат во земјава.

Дуалното образование и грантовите за самовработување се покажаа повеќе од успешни. Во Југозападниот регион во земјава последнава година се отворени повеќе од 500 нови фирми.