2026та ќе биде подобра од лани тврди Мицкоски

Годината што измина се започна со надеж заврши со калкулатор, 2025та не научи дека инфлацијата се мери во проценти додека пак животот во денари што недостигаат. Од Власта уверуваат дека новата 2026та ќе биде подобра од лани.

Премиерот Христијан Мицкоски цени дека оваа владина гарнитура води внимателна политика како и напуштање на популистичките краткорочни мерки.   

Базната инфлација е навистина загрижувачка која останува цело време околу 5.2 отсто смета Благица Петрески од фајнанс тинк која според неа во еден полувременски период е над вкупната инфлација. 

Од сојузот на синдикат пак на крајот од годината што измина, нивните анализи што ги прават покажале дека на едно македонско семејно домаќинство во месецот му недостасуваат најмалку 5000 денари за најосновни прехранбени продукти.  

Според премиерот Мицкоски сиромаштијата во Македонија се намалува наспроти зголемување на плати и пензии. Со најава за акција и како што ги нарече жестоки драконски казни за чинителите кај кои ќе бидат потврдени нефер трговски практики.

Од друга страна, Македонија во поголемиот дел од годината имаше двојно повисока стапка на инфлација од земјите во Европската унија, со кои често власта сака да мери параметри. Дополнително, земјава останува закована на дното во регионот по висината на минималната плата.