201 санкционирани возачи во Скопје, 24 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден МВР продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 11 мерки возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.