19 хоспитализирани на Инфективната клиника од западно-нилската треска
Состојбата со западнонилската треска заклучно со денешниот ден е дека има 55 вкупно случаи на западнонилска треска, од кои 53 се потврдени, двајца се непотврдени. Од вкупниот број заразени, еден е без хоспитализација, 52 се со хоспитализација.
Според статистиката, 11,5 проценти е смртноста досега, просечното лекување трае 14 дена, за тие што лекувањето е завршено, најдолгото лекување било 29 дена, најкраткиот испис е 8 дена.
Потешките пациенти се над 60 годишна возраст и се пациенти кои имаат многу други придружни заболувања и сите се мажи, сите се над 60 годишна возраст, информира директорот Фадил Цана.

