19 годишник по потекло од Гостивар, првоосомничен за терористичките напади во Австрија

Австриец со потекло од Северна Македонија е главниот осомничен за подготвка на терористички напад на концертите на пејачката Тејлор Свифт во Виена, потврдуваат австриските власти. Полицијата соопшти дека тој целосно ги признал плановите за напад.

Од македонското МВР постапуват по барањето на австриските власти за негова проверка. 

„Ве известуваме дека од страна на австриските власти до Министерството за внатрешни работи е пристигнато барање за проверка на лице кое е по потекло од Македонија а истиот е осомничен за планиран терористички напад во Виена. Од наша страна се постапува по однос на доставеното барање.“ - велат од Министерството за внатрешни работи. 

Австрискиот министерот за внатрешни работи, Герхард Карнер, информираше дека не се бараат други осомничени.

„Ситуацијата беше сериозна, ситуацијата е сериозна. Но, можеме да кажеме дека е спречена трагедија. Опасноста од исламистичкиот тероризам во Европа очигледно се зголеми по нападот на Хамас врз Израел. Оваа закана е голема во цела Европа, а и во Австрија“, рече Карнер.

Од полицијата изјавија дека главниот осомничен, 19-годишниот Мухамед по потекло албанец од Македонија инаку роден во Австрија, целосно ги признал своите планови. Пред неколку недели, тој дал заклетва за верност на актуелниот водач на терористичката Исламска држава (ИД) на интернет.

Австриските безбедносни власти информираат дека вториот осомничен, 17-годишен австриски државјанин со турски и хрватски корени, бил уапсен од специјални полициски сили во близина на стадионот каде што требаше да се одржат концертите оваа недела. 

Австриските безбедносни службеници велат дека двајцата млади луѓе сакале да извршат напад надвор од стадионот, убивајќи што е можно повеќе луѓе, со користење на ножеви или експлозиви кои сами ги направиле.триската разузнавачка служба добила информации од ЦИА, која дознала за планот на терористите преку следење на чет пораките.