180 казнети возачи во Скопје
Foto

180 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, шест прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 10 санкции за возачи почетници, 20 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се девет санкции за возење под дејство на алкохол, девет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет за непрописно престигнување и обиколување, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), 52 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

0 Коментари

Остави коментари