18 пациенти на возраст од 40 до 49 години починале од ковид-19 за една недела - бројот на смртни случаи зголемен за 18,6%
И најновите податоци покажуваат раст на бројот и на заболени и на починати од ковид 19 во земјава. За една недела 18 пациенти заразени со ковид-19 на возраст од 40-49 години, починале по компликации од болеста - покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
На неделно ниво пријавени се вкупно 204 смртни случаи од 24 градови - што е зголемување за 18,6%. Бројот на тестирани е намален за 6,3 отсто.