17 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ во Центар во самоизолација

Наставничка позитивна на коронавирусот стави 17 првачиња во самоизолација во основното училиште „Гоце Делчев“ во Центар. Наставничка последно настава држела во петокот, а според епидемиолошката анкета се заразила од член на нејзиното семејство, кој веќе бил позитивен.

Во изолација заврши уште една наставничка од истото училиште која предава во друго одделение, меѓутоа учениците на кои им предавала ќе продолжат да следат настава со физичко присуство се дури се потврди дали е позитивна или не. 

Доколку е позитивна на коронавирусот, целото одделение ќе биде ставено во 14-дневна самоизолација дури во понеделник.

Според првиот човек на општина Центар, Саша Богдановиќ, училиштата не се места каде што се пренесува коронавирусот.