17 општини дека се уште не поднеле проекти кои ќе се финансираат со пари од унгарскиот кредит

На само неколку дена до истекот на рокот, 17 општини сè уште немаат доставено ниту еден проект за финансирање преку вториот јавен повик за општинска инфраструктура.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска јавно ги објави имињата на досега неактивните општини, меѓу кои и големи урбани центри, но и рурални заедници со сериозни потреби за капитални инвестиции.

Во списокот се најде и Крушево, но оттаму велат дека не се откажале. Градоначалникот Томе Христоски потврдува дека општината ќе поднесе апликација и тоа со капитален проект, кој ќе ги искористи сите средства што им следуваат според бројот на жители.

Во рамки на овој повик, на општините им се нудат вкупно 243,5 милиони евра од унгарскиот кредит, пари кои може да бидат искористени за патишта, училишта, градинки, спортски објекти и зелена инфраструктура. Над 450 апликации веќе пристигнале, но одлуките на преостанатите 17 локални самоуправи ќе бидат клучни, дали нивните граѓани ќе добијат проекти или ќе останат надвор од оваа развојна распределба.

Од друга страна, познавачи на локалната самоуправа велат дека изградба на училишта и градинки е обврска на централната, а не на локалната власт, па оценуваат дека власта го користи овој проект во функција на претстојните локални избори.