17 лица уапсени по инцидентите со знамињата
Тошковски и неговиот заменик Исеини да си поднесат оставка поради инцидентите со знамињата бараат ДУИ а во спротивно доколку тоа не се случи најавија дека во текот на следната недела ќе поднесат интерпелација и за двајцата . Од партиското седиште во Чаир денеска на пресконференција обвинија дека МВР оневозможило мирно поставување на албанското знаме и велат за тоа ќе ја информирале и меѓународната заедница . Сепак одговарајќи на новинарски прашања за тоа кој и каде ги организирал манифестациите по повод денот на албанското знаме не прецизираа .
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пак дециден дека ресорното министерство професионално си ја вршело својата работа и потсети дека одлучно ќе реагира и возврати на сите вакви дејствија во кои имало сквернавање на било чиј симболи. Им порача на ДУИ дека е легитимно да бараат оставка и интерпелација но дека се срамел што земјава има такви опозициски партии .
И вицепремиерот Изет Меџити им одговори на интегратиовците дека токму тие кои спремаат интерпелација најверојатно стојат позади инцидентите но апелираше институциите да си ја вршат својата работа а одговорност ќе има за сите што се огрешиле пред законот .
Премиерот Мицкоски пак денеска одговарајќи на новинарски прашања само кратко одговори дека не гледа причина за било каква интерпелација а се огласи и заменикот на Тошковски – Астрит Исени од Вреди кој пак исто така напиша дека дисциплинска постапка ќе имало и за полицаецот кој го фрлил албанското знаме но го осуди исто така и сквернавењето на македонското . Одговорност и оставка од Тошковски побараа и Левица .