165 години од „Зборникот на Миладиновци“
Зборникот на браќата Миладиновци слави 165 години од излегувањето од печат. Оваа бесценета книга содржи дури 660 народни песни и умотворби, кои станаа темел на македонската култура и писменост.
Одбележувањето се случи во со Спомен-собата „Т’га за југ“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Најмладите најзаинтересирани да дојдат во допир со книгата која е своевиден темел на македонската културна, јазична и книжевна меморија.
Директорката на библиотеката, Анета Механџиска потенцираше дека оваа книга е страница од испреплетени истории зачувани длабоко во порите на македонскката историја.
Писателот и книжевен деец Братислав Ташковски потсети дека Зборникоте „живиот глас“ на македонскиот простор.
На настанот присуствуваше иамбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Џијанг Сјаојан, што на одбележувањето му даде и меѓународна културна димензија но изостана македонската страна особено претставници од институциите кои се најдиректно поврзани со културата, традицијата и македонскиот идентитет.

