152 казнети возачи во Скопје
Foto

152 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49, девет за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет за некористење сигурносен појас и 36 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

0 Коментари

Остави коментари