152 казнети возачи во Скопје
Foto

152 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19, седум за возење без возачка дозвола, шест за некористење сигурносен појас. Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 62 санкции за непрописно паркирани возила“ - соопштија од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

0 Коментари

Остави коментари