1500 исчезнати во поплавите во Непал

Дојде без предупредување. На граничниот премин меѓу Непал и Тибет, луѓето залудно се обидуваа да избегаат пред огромната поплава. Но, надојдената вода, заедно со карпите, беше премногу брза и премногу моќна. Помина низ преминот носејќи со себе се што и се најде на патот.

Калпана Мала – жителка на Непал: „Моите мајка и татко, сестра ми и нејзините три деца, сите беа однесени од водата пред мои очи.Не можеа да и избегаат на поплавата, немаа никаква шанса. “

Маноџ Риша жител на Непал: „Видов како водата однесе десетина возила во кои имаше луѓе. Ужасно нешто. Тука живеам веќе две децении, но вакво нешто не се случило. “

Спасувачките екипи во трка со времето да пронајдат преживеани по катастрофата која го погоди јужниот дел од азија..Најмалку 1.500 се водат како исчезнати, од кои повеќето се туристи, откако катастрофални поплави го погодија во планинскиот регион меѓу Непал и Кина,.... Досега се пронајдени 180 тела ...Поплавата донесе огромни количини кал и предизвика големи одрони ... Затрупани се цели села, уништени се мостови и брани

жител на Непал: „Утрово ми се јави пријател и плачеше. Ми кажа дека поплавата му ја уништила куќата. Тројца членови на фамилијата се спасени, но не можат да го најдат неговиот брат. “

Иако првично се сметаше дека катастрофата настанала од земјотресот со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала, сепак американскиот Геолошки завод тврдат дека несреќата настанала откако се урнал дел од глечер, што предизвикало огромен бран од вода, мраз, карпи и кал. 

Том Робинсон – виш предавач за ризици од катастрофи и отпорност на Универзитетот Кентбери: „Тие глечери обично се наоѓаат високо на планините. Како што планетата се загрева, стануваат се понестабилни. И затоа почнуваме да гледаме како глечери како овој почнуваат да се уриваат. .. Она што го видовме е огромен дел од мразот, веројатно поттикнат од уште едно свлечиште, кој се одвоил од глечерот и почнал да се лизга надолу по многу стрмната долина...Земјотресот што е регистриран всушност е предизвикан од ударот на мразот и карпите при нивното паѓање на земјата...Регистрирана била силата на ударот.“

Голем број на земји,меѓу кои Соединетите Американски Држави, Кина, Индија, како и Европската Унија најави помош за погодените региони ...Според првичните проценки, најголем дел од исчезнатите се жители на САД и  Австралија.