14-годишно девојче со симптоми на стомачен вирус почина на пат кон Скопје
Foto

14-годишно девојче со симптоми на стомачен вирус почина на пат кон Скопје

Почина 14 годишно девојче од Лабуништа кое во исклучително тешка здравствена состојба утринава околу 6ч. и 30 минути било донесено во Општата болница во Струга.

По извршениот преглед лекарите ја упатиле пациентката во Ургентниот центар во Скопје, но за жал малолетничката по пат починала.Во билтенот на полицијата стои дека врз телото на девојчето по барање на обвинител ќе биде извршена обдукција за да се установат причините за смртта. 

Директорот на струшката болница информира дека девојчето се наоѓало во тешка здравствена состојба,со покачена температура и симптоми на стомачен вирус. 

Иако симптомите не алудираат за присуство на Ковид 19 кај пациентката, земен е брис и примероците ќе се тестираат на корона вирус.

0 Коментари

Остави коментари